Добивајте промоции на E-Mail
Име  
E-Mail    
 

ВИЕНА

ВЕЛИГДЕН 2012

Автобус - 6 дена / 3 ноќи
(12.04 - 17.04.2012)

Виена, град на kултурата и уметноста кои имаат долга традиција, вклучувајќи ги театарот, операта, класичната музика и ликовната уметност. Денеска во Виена постојат околу 200 значајни балови во годината кои се одржуваат во различни убави палати во Виена. Виенскиот бал е атракција која трае цела ноќ, иако многу од гостите ја продолжуваат прославата и наредниот ден. Најголеми туристички атракции во Виена се империјалните палати Хофбург и Шенбрун (во кој е сместена и најстарата зоолошка градина во светот) и панорамата во забавниот парк Пратер од која може да се види целата панорама на градот.

1 ден 12.04.2012

Состанок на групата пред Холидеј Ин во 18.00 часот. Заминување на групата кон Виена, се патува преку граничен премин Табановце, Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 13.04.2012

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Разглед на градот со стручен водич: кралската палата, Хофбург, замокот Белведере, баизиликата св. Стефан, факултативна посета на слаткарница-каде ќе имате можност да пробате Sacher торта. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 14.04.2012

Појадок. Во центарот на градот може да се проследи новгодишниот Виенски музички концерт на видео бим, визуелно со млада виенска филхармонија да ја почуствувате нотата на класиката и да заиграте некој валцер. Слободно можност за посета на познатиот забавен парк “ Пратер” каде што можете да седнете да се напиете виенско кафе и да ја видете цела Виена. Враќање во хотел. Факултативна вечера во национален ресторант. Ноќевање.

4 ден 15.04.2012

Појадок. Посета на Шембрун – еден од најубавите дворци во некогашна летна резиденција на австроунгарската монархија, Рубенсовиот музеј. Слободни активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 16.04.2012

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на шопинг центарот "City Süd". Заминување кон Македонија. Ноќно возење.

6 ден 17.04.2012

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, во зависност кога ќе се тргне од Виена.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 195 € (12.090ден.) по лице во двокреветна соба

Цената вклучува
  • Превоз на наведените релации со високо туристички автобус.
  • 3 ноќевања, сместување во двокреветна соба со појадок, во хотел 3*.
  • Пратител на патувањето.
Цената не вклучува
  • Здраствено патничко осигурување.
  • Влезница во дворецот Schönbrunn – 20 €.
  • Вечера во национален ресторант - 25 €.
НАПОМЕНА

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патника. Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените. Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени. Програмата може да биде редоследно променета во зависност од слободни терминиза влез во објектите, но ќе биде исполнета во целост.


При резервација потребна е уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62 денари.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.

 
 
Дома   |   За нас   |   Контакт   |   Авио билети   |   Рент - а - кар   |   Општи услови   
Copyright © 2008 ETC Travel. All Rights Reserved.