АВСТРИЈА, Ски сезона 2011/2012

Kitzbühel

Kitzbühel ски-центар со над 168км добро уредени ски патеки во областа Kitzbüheler Алпите, спаѓа меѓу најголемите и најпознати светски скијачки ски центри. Ски патеките во регионот се добро поврзани со ски лифтови и ски автобуси. Најпозната меѓу нив е Hahnenkamm стазата за ски спуст, а потоа Kitzbüheler Horn со патеки специјално уредени за љубителите на сноубордот. Ски центар кој нуди соодветни капацитети како за професионални скијачи така и за рекреативни скијачи. Сина, црвена и црна стаза, надморска височина 800-2.000м ги задоволува различните вкусови на скијачите. Во близина е мал град Kirchberg, кој се наоѓа на 6 км од Kitzbühel. Kitzbuhel е познат како мондеско место богато со живот: ресторани, барови, казина, дискотеки, гаранција за добар провод. Шопингот тука е меѓу најдобрите во Австрија. Купот се одржува секоја година во јануари. Покрај ски активности достапен е и воден парк "Aquarena". Сноубординг, лизгање, пливање, падобранство, јавање - се дополнителни активности кои можат да Ви го пополнат денот.

Хотел Bruggerhof 3*

Локација: Се наоѓа во близина на езерото Schwarzsee (околу 200м). Оддалечен е од центарод и гондолата Hornbahn i Hahnenkammbahn околу 2 км. Ски автобуската станицата е пред хотелот. Хотелот има 4 згради. Во зависност од температурата може да се лизгате на езерото. Хотелот нуди: рецепција, лоби, ски соба, паркинг (вклучен во цената), ресторант, бар, затворен базен (12.5 x 12.5), детски базен, фитнес сала, сауна. Стандард соби: купатило со туш или када, телефон, кабловска ТВ. Исхрана: полупансион (појадок--самопослужување, избор на повеќе јадења, вечера-мени, класичен начин на послужување, избор на 3 јадења).

1 2 3

ЦЕНА: од 82 €, по лице на ден, на база полупансион (појадок и вечера).



Хотел Elisabeth 4*

Локација: во близина на гондолата „Penglsteinbahn”. Ски автобуската станица е пред хотелот. Има 102 соби распоредени во три поврзани згради. Хотелот нуди: ресторант, бар, тераса, затворен базен, сауна, фитнес, спа центар, козметички салон, масажа. Стандард соби: САТ ТВ, радио, телефон, купатило, фен за коса. Повеќето соби се со балкон. Хотелот има и супериор соби и апартмани. Исхрана: (појадок--самопослужување, избор на повеќе јадења, вечера-мени, класичен начин на послужување, избор на повеќе јадења.

1 2 3

ЦЕНА: од 74 €, по лице на ден, на база полупансион (појадок и вечера)

Смени - сабота – на база 8 дена / 7 ноќи, сопствен превоз.

Напомена: Влез во собите од 16:00ч на денот на пристигнување, а не покасно од 18:00ч, а напуштање на собите до 10:00ч.
Попусти за деца, или 3-то и 4-то возрасно лице (само со 2 возрасни) користат помошено легло во типови на соба каде е дозволено сместување на повеќе од 2 лица (помошното легло може да биде фотеља или софа на развлекување, метално или дрвено легло-камп кревет со тенок душек). Локална категоризација и локална класификација на апартманите и пансионите. Потврда на резервација 48ч по уплатена аконтација 50% од целокупната цена.

Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противредност.

Важат општите услови на патување на Т.А.ЕТЦ Травел