| |
|
|
|
|
 |
БАРСЕЛОНА - Велигденски пакет
Групни поаѓања на 02.04 - 05.04.2010
4 дена со директен чартер лет
|
|
|
БАРСЕЛОНА се наоѓа на североисток од Пиринејскиот полуостров и е главен град на Каталонија. Има околу 4 мил. жители заедно со многубројните доселеници. Barri Gotic - центарот на старата Барселона има многу кафичи и продавници. Gracia - дел од градот е интересен за студентите, интелектуалците и уметниците а воедно тоа е и центар на боемскиот живот во Барселона. La Pedrera - дел од градот изграден за бизнисмени, за нивните канцеларии и куќи. Montjuic - е дел од градот каде се наоѓаат галерии и разни места за забава и разонода. А музејот Picasso е посветен на работата на овој светски познат сликар и поделен е во фази во кој овој уметник ги стварал своите дела.
|
1. ден / 02.04.2010. / петок
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во ,,,,,, часот. Полетување за Барселона во ....... часот. Пристигнување во Барселона во ...... часот. Панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Ла Рамбла, пристаништето Де Ла Паз, олимпиското пристаниште, катедралата Саграда Фамилија, авенијата Дијагонал, Нова Барселона, шпанскиот Ппоштад, брдото Монт Жуик, олимпискиот прстен со стадионот, шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија...посета на едно од најзначајните дела на Гауди, паркот Гуел, кој со својата едноставност и убавина заслужи да биде дел од светската културна градина под заштита на Унеско. Трансфер до хотел. Сместување. Посета на магичните фонтани во вечерните часови. Ноќевање.
2. ден / 03.04.2010. / сабота
Барселона – Џирона- Фигуерас. Појадок. Целодневен факултативен излет за Џирона и Фигуерас. Панорамско разгледување на областа Коста Брава со патување кон Џирона и град кој се наоѓа на североисток во близина на границата со Франција. Посебен шарм добива од зидините настани како систем на одбрана во Римскиот период, со прекрасен поглед на градот и околината. Патувањето продолжува кон Фигуерас со посета на ексцентричниот театар- музејот на Салвадор Дали. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата а изложбата која е компилација на уметничките дела од разни периоди ја поставил самиот маестро. Враќање во Барселона во вечерните часови. Факултативна посета на фламенго со заводливиот ритам на шпанска музика и сангрија. Ноќевање.
3. ден / 04.04.2010. / недела
Барселона Монсерат. Појадок. Полудневен факултативен излет до светата каталонска планина Монсерат и обиколка на манастирот Санта Марија Де Монсерат. Во склоп на манастирот се наоѓа музејот со многу значајна колекција поделена на археолошка збирка и пинакотека со дела настанати во периодот од XVI до XIX век. Меѓу најзначајните се: Св. Херонимо на Караваџо, слики од Ел Греко, Дали, Пикасо како и каталонски импресионисти. Враќање во Барселона во попладневните часови. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Факултативна посета на фудбалскиот натпревар ФК Барселона – Атлетик Билбао. Ноќевање.
4. ден / 05.04.2010. / понеделник
Појадок. Трансфер до аеродромот со попатен панорамски разглед на Коста Брава. Полетување за Скопје во ...... часот. Пристигнување во Скопје во ...... часот.
|
 |
Цена на патувањето по лице:
Цената вклучува:
• Повратна авионска карта Скопје – Барселона - Скопје
• Трансфери аеродром – хотел – аеродром
• 3 ноќевања во избраниот хотел
• Организиран разглед на Барселона
• Професионална организација и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
• Аеродромски такси 6,000,00мкд
• Шпанска виза ( доколку е потребно)
• Влезници во локалитетите и карти за превоз ( метро)
• Факултативни излети: Џирона и Фигуерас 40еур, Монсерат 35еур, Фламинго 45еур, карта за фудбалски натпревар.
• Патничко осигурување 185мкд
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
За ова патување важат општите услови на резервација и купување на туристички аранжмани на Т.А. Еуро Турист Клуб
|
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|