Добивајте промоции на E-Mail
Име  
E-Mail    
 

БУДИМПЕШТА

8-ми МАРТ 2012

Автобус - 5 дена / 2 ноќи
(07.03 - 11.03.2012)

1 ден 07.03.2012

Состанок на групата во 15.00ч пред Дрво Декор. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.03.2012

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Сместување во хотел. Панорамскло разгледување на градот: Пешта-споменикот на милениумот, операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци, парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим-цитаделата , кралската палата, црквата на кралот Матејас, рибарската тврдина....Слободно попладне. Вечерта факултативна посета на традиционален ресторант чарда. Ноќевање.

3 ден 09.03.2012

Појадок. Слободно време за индивидуална прошетка низ Будимпешта или факултативна посета на Сент Андреа (живописно градче во кое се негува старата архитектура и народните ракотворби со голем број винотеки, рибни ресторанти, музеи, галерии и цркви). Враќање во хотел вечерта. Факултативно крстарење по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.03.2012

Појадок. По појадокот посета на шопинг центар. Во попладневните часови поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи за одмор.

5 ден 11.03.2012

Пристигнување во раните утрински часови во Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 107 €

Цената вклучува
  • Превоз со високо туристички автобус
  • Сместување во хотел 4*, 2 ноќевање со појадок.
  • Организиран разглед на Будимпешта,Сент Андреа
  • Пратител на групата
Цената не вклучува
  • Традиционална унгарска вечера-чарда 25 €,
  • Крстарење по Дунав 15 €
  • Осигурување
Услови и начин на плаќање:

Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените. Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
Во готово – авансно плаќање најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање. Кредитни картички.


Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Краен рок за известување за евентуалено откажување на аранжманот е најкасно 5 дена пред поаѓање.Организаторот го задржува правото за измена на редоледот на поедини содржини во програмата.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.

 
 
Дома   |   За нас   |   Контакт   |   Авио билети   |   Рент - а - кар   |   Општи услови   
Copyright © 2008 ETC Travel. All Rights Reserved.