ДУБАИ 2011/ 2012

 
1 2 3
ЕМИРАТОТ ДУБАИ, е лоциран јужно од Персискиот Залив на Арабската Пенинсула и има најголема популација и е втора по големина на територија од сите емирати, после Абу Даби. Дубаи и Абу Даби се единствените емирати кои што имаат право на вето на битните одлуки од национален важност во државната законодавност. Дубаи градот се наоѓа на северниот брег од Емиратите. Најраното спомнување на Дубаи датира од 1095год. додека првата населба како Дубаи датира од 1799год.
Дубаи, е официјално основан во 1833год. од страна на Шеикот Мактум Бин Бути Ал Мактум, кога тој ги убедил 800 ченови на Бани Јас племето, кои што денеска живеат во Саудиска Арабија, да го следат до Дубаи Creek од страна на Ал Абу Фаласа кланот на Бани Јас, и тоа остана под контрола на кланот се додека Велика Британија во 1892год. го презеде Дубаи под цвоја заштита. Нејзината географска локација го направи Дубаи важен трговски центар и од почетокот на 20-от век, веќе беше важна порта.
Во 1966го., кога беше откриена нафтата, Дубаи и емиратот Катар, поставија нова монетарна единица како замена за Заливската Рупија. Економијата со нафта, доведе до масовен прилив на странски работници, брзо проширување на градот за 300% и доведувајќи меѓународни нафтени интереси. Модерниот Емират Дубаи се оформи одкако Велика Британија ја напушти областа во 1971год. Во тоа време Дубаи, заедно со Абу Даби и 4 други емирати, ги оформија Обединетите Арабски Емирати. Следната година кон ОАЕ се приклучи и седмиот емир – Ras Al Khaimah, додека Катар и Бахреин избраа да останат независни. Во 1973год., монетарната унија со Катар беше распуштена и монетарната единица ДИРХАМ беше воведена во ОАЕ. Слободна трговска зона беше изградена во JEBEL ALI пристаништето во 1979год., дозволувајќи им на странските компании неограничен увоз на работна сила и извоз на капитал.
Заливската војна во 1990год., имаше негативен ефект врз економијата на градот, така што депонентите ги повлекоа своите депозити и трговците се откажаа од своите бизниси, но потоа градот се осамостои и почна да се развива во тоа што денеска го знаеме како Дубаи.

Дубаи – комерцијалниот главен град на Обединетите Арапски Емирати ја има освоено симпатијата на туристите од целиот свет. Дубаи ќе ги исполни вашите сетила, визуелно и духовно со своите живописни бои и секогаш раздвижен свет. Градот ја здоби својата интернациолна репутација по големиот број на атракции како и единствената и толку различна трговија. Тука ќе најдете од најминијатурни електронски помагала до се она што значи и последна мода, рачно изработени работи и најпознатото за Дубаи, светски најфиното и најчистото злато и драгоцени камења по многу пристапни цени. Но сепак Дубаи има нешто повеќе од самиот шопинг.....
Спојот на сонцето, песокот и морето е она што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

ЕТЦ Травел ќе Ви овозможи да го доживеете на најдобар можен начин овој извонреден неспоредлив град.

Хотел

Eureka Hotel 2*

Admiral Plaza 3*

Lotus Hotel 4*

Media Rotana 5*

Веб адреса

www.eurekahoteldubai.com

www.admiralplazahotel.com

www.lotus-hospitality.com

www.rotana.com

Период
Цена по лице/појадок

01.10-31.05.2012
34

01.10-14.01.2012 
43

16.10-31.03.2012
50 €

01.09-15.05.2012
70 €

Период
Цена по лице/појадок

 

15.01-28.02.'12   
50

01.04-30.09'12
43 €

16.05-31.08.2012
88 €

Период
Цена по лице/појадок

 

01.03-15.05.'12
43 €

 

01.09-05.01.2013
70 €

За дополнителни хотели обратете се на нашите телефони за контакт или на е-маил.

Цените се дадени во евра по лице во двокреветна соба на база ноќевање со појадок.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредниост.
1