ЕГИПЕТ

Арапска Република - Египет позната како Египет е република лоцирана во североисточна африка Покривајќи површина од околу 1,020,000 км² Египет го вклучува Синајскиот полуостров (кој обично се смета за дел на југозападна Азија) додека поголемиот дел од земјата се наоѓа во Северна Африка. Египет се граничи со Либија на запад, Судан на југ, Израел на североисток. На север излегува на Средоземно море, а на југ на Црвено море. Мнозинството во Египет ги населува бреговите на реката Нил (околу 40,000 км²). Големи делови од земјата се дел од пустината Сахара и се многу ретко населени.

Главен град на Египет: Каиро

Население: 75.000.000 (2003).


ШАРМ ЕЛ ШЕИК
Sharm el Sheikh едно од најпознатите туристички места во Египет. Изграден е само за потребите на туристите, што допринесува за фактот дека во градот има многу малку луѓе кои живеат таму, а повеќето од нив се од Каиро. Самиот град има многу нестварна слика. Од една страна сместени се луксузни хотелски комплекси како оаза со прекрасни градини и базени, преубаво тропско Црвено море со најразлични корали, а од друга страна пустина и Синајските планини. Феноменално место, секако го препорачуваме!
повеќе »
ХУРГАДА
Хургада се наоѓа на брегот од Црвеното море, 40км јужно од Шар Ел Шеик. Градот е создаден на почетокот од 20-от век а од 80-тите голем број американски и арапски инвеститори вложуваат во него. На туристите им се на располагање најразлични типови на сместување: од туристичките села, до луксузните хотели. Голем е изборот на водени спортови. Феноменално место, секако го препорачуваме!
повеќе »