МИНХЕН
СКОПЈЕ - МИНХЕН - ЦИРИХ - ЖЕНЕВА – ВИЕНА
8-ми МАРТ 2012
Автобус - 7 дена / 3 ноќи
(13.03.2012 - 19.03.2012)
1 ден 13.03 СКОПЈЕ – МИНХЕН
Состанок со групата пред Холидеј Ин. Заминување на групата кон Минхен преку граничен премин Табановци ,Србија,Унгарија, Австрија , со попатни застанувања за одмор и царински формалности.
2 ден 14.03 МИНХЕН
Пристигнување во Минхен oколу пладне, разглед на градот и неговите културно историски споменици – Старата и Новата пинакотека, Глипкотеката (скулптури), Баварски национален музеј ,Технички музеј, Баварската државна библиотека (најголема во Германија), Пристигнување и сместување во хотел. Навечер, прошетка низ центарот на градот – Мариен плац, посета на Кралската пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 15.03 МИНХЕН – ЦИРИХ
Појадок. По појадокот, заминување за Цирих. Факултативна посета на - Neyschwanstein Castle – дворец како од бајките, што му послужил на Волт Дизни за правење копии во забавните паркови - Дизниленд. Разглед на дворецот. Продолжување кон Цирих. Разглед на градот Цирих. Евангелистичка катедрала (Гросмунстер) со две камбанарии, најголема романичка црква во Швајцарија, на другиот брег на реката – Богородичина црква, доцноренесансна градска кука, Банховштрасе, трговска улица од 1 км. уметничка галерија Кунстхауз, швајцарски, географски и Реитбергов музеј. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден 16.03 ЦИРИХ – ЖЕНЕВА
Појадок. Заминување за Женева, градот – центар на црковните реформисти, седиште на многу меѓународни организации: Европскиот центар на ООН со големата Палата на нациите, Меѓународниот одбор на Црвениот крст, Светската трговска организација, Женевското езеро со огромниот водоскок, посета на добро зачуваниот средновековен градски центар, катедралата Св.Петар, ренесансната Градска кука, споменикот на реформистите итн. Попладнето - Заминување за Виена. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 17.03 ВИЕНА
Пристигнување во Виена во утринските часови разглед на градот. Кралската палата, Hofburg, Рингштрасе, Операта, Парламентот, Градската куќа, Театарот, Концертната сала во која се одржува Новогодишниот концерт, замокот Белведере, базиликата Св. Стефан, хотелот Сахер, каде што е создадена познатата Сахер Торта. Сместување во хотел. Ноќевање. Можност за факултативно-заедничка вечера со музика во Виенски ресторан.
6 ден 18.03 ВИЕНА-СКОПЈЕ
Појадок. Факуллтативна посета на летниот дворец на Хабзбурговците Шенбрун-еден од најубавите дворци во Европа. Заминување за Македонија. Можност факултативно посета на Братислава за добар и ефтин шопин, патот продолжува за Македонија-Скопје.
7 ден 19.03 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 275 €
Цената вклучува
- Превоз со високотуристички автобус
- Хотелско сместување во хотел 3***
- 1нп Минхен, 1нп Цирих, 1нп Виена
- Oрганизација и водство на патувањето
Цената не вклучува
- Шенбрун-20 €
- Neyschwanstein Castle -15 €
- Национален ресторан-20 €
- Братислава-15 евра
- Осигурување.
Услови и начин на плаќање:
Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените. Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
Во готово – авансно плаќање најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање. Кредитни картички.
Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Краен рок за известување за евентуалено откажување на аранжманот е најкасно 5 дена пред поаѓање.Организаторот го задржува правото за измена на редоледот на поедини содржини во програмата.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.