Добивајте промоции на E-Mail
Име  
E-Mail    
 

ПРАГА

8-ми МАРТ 2012

БУДИМПЕШТА-ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-БРАТИСЛАВА-БЕЛГРАД

Автобус - 6 дена / 4 ноќи

1 ден

Состанок на групата во 05.00 ч пред Холидеј Инн. Поагање за Будимпешта. Се патува преку Србија-Хоргош. Пристигнување во Будимпешта во попладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор. Вечерта факултативна вечера во национален ресторан-Чардаш. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден

Појадок. По појадокот заминување за Прага. Пристигнување во попладневните часови. Разглед на Стариот град со водич: Карлов Мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Паришката улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник , Црквата Loreto, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, Катедралата Sv. Vito, Златната улица..... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3 ден

Појадок. По појадокот (факултативно) излет до Карлови Вари-најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на Европската аристократија или индивидуални активности. Враќање во хотел. Потоа (факултативно) посета на некоја Прашка Пивница. Ноќевање.

4 ден

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности или можност за (факултативно) посета на дворецот Карлштајн. Вечерта (факултативно) возење со брод по Влтава, прекрасна панорама на Златниот град. Ноќевање.

5 ден

Појадок. По појадокот во раните утрински часови заминување во Белград. Можност за посета на Братислава (факултативно). Пристигнување во Белград. Посета на некој од националните ресторани на Скадарлија (факултативно) по повод 8-ми Март.

6 ден

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: Хотел со 3*** 165 € / Хотел со 4**** 185 €

Цената вклучува
  • Превоз со високотуристички автобус (AC; DVD; CD; TV);
  • Сместување во хотел со 3* или 4* во Прага-3 НП и 1 НП Будимпешта;
  • Организиран разглед на Прага со водич;
  • Организација, реализација и придружник на патувањето.
Цената не вклучува
  • Факултативен излет-Карлови Вари 20 €;
  • Крстарење по Влтава 15 €;
  • Вечера во национален ресторант Чардаш-25 €;
  • Вечера во национален ресторант Скадарлија-25 €;
  • Карлштајн-30 €;
  • Прашка пивница-20 €;
  • Братислава -5 €;
  • Влезница за музеите и културно историски споменици;
  • Осигурување
Услови и начин на плаќање:

Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените. Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
Во готово – авансно плаќање најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање. Кредитни картички.


Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Краен рок за известување за евентуалено откажување на аранжманот е најкасно 5 дена пред поаѓање.Организаторот го задржува правото за измена на редоледот на поедини содржини во програмата.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.

 
 
Дома   |   За нас   |   Контакт   |   Авио билети   |   Рент - а - кар   |   Општи услови   
Copyright © 2008 ETC Travel. All Rights Reserved.