РИМ
8-ми МАРТ 2012
Автобус - 6 дена / 3 ноќи
Рим е главен град на Италија. Се наоѓа на сливот на реките Тибер и Аниен. Во минатото бил главен град на Римската империја, најмоќната и најдолготрајна империја во класичната Западна цивилизација. Рим е најголемиот град и општина во Италија и една од најголемите европски престолнини (според површина). Тоа е енергичен, модерен град кој нуди парична казна шопинг, возбудлив ноќен живот, одлични ресторани, кафе барови.
1 ден
Поаѓање од Скопје во 10.30ч пред Дрво Декор. Патувањето е преку Албанија-Драч. Поаѓање од Драч за Бари со брод во вечерните часови. Ноќно возење со брод.
2 ден
Во утринските часови пристигнување во Бари. Упатување кон Рим. Организирана посета на градот со локален водич-Антички Рим, Колосеум, Римскиот форум, Форумот на цар Трајан, Capitol, плоштадот Venezia и плоштадот Campidoglio. Посета на Барок плоштадите: шпанските скали, Trinita dei monti, Fontana Di trevi Quirinale. Плоштадот Navona-Pantheon. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден
Појадок. Факултативна посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Сикстинската капела, катедралата Св.Петар, факултативна посета на Тиволи и посета на Villa D este со нејзините 1000 фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Во утринските часови поаѓање за Фиренца во пладневните часови и разглед на ренесансниот град со локален водич: Плоштадот Сињори, Крстилницата Сан Џовани, Мостот Векио, Палатата....Слободно време до поаѓање за Лидо Ди Јесоло. Во вечерните часови пристигнување во Лидо, сместување во хотел. Ноќевање.
5 ден
Појадок. Во раните утрински часови поаѓање со брод за Венеција и разглед на градот со локален водич: плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде. По разгледот на Венеција продолжување на патувањето кон Македонија. Можност за посета на шопинг центар Палам Нова (доколку имаме доволно време на располагање).
6 ден
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 €
Цената вклучува
- Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобуси;
- Сместување на брод, седиште во еден правец;
- Сместување во хотел со 3* на база;
- 2 ноќевања со појадок во Рим;
- 1 ноќевање со појадок во Лидо Ди Јесоло;
- Организиран разглед на Рим, Фиренца, Венеција со локален водич;
- Oрганизација и водство на патувањето.
Цената не вклучува
- Туристичка такса во Рим 2 или 3 евра на ден;
- Факултативен излет-Ватикан со влезница во музеите 35 €;
- Тиволи со влезница во Villa Deste 22 €;
- Ноќевање во кабини во еден правец 10 €;
- Метро - едно возење 1 € 70 минути;
- Бродска карта Punta Saboni-Венеција 12 €;
- Влезници за останатите културно историски знаменитости;
- Осигурување.
Услови и начин на плаќање:
Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените. Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
Во готово – авансно плаќање најмалку 30% од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање. Кредитни картички.
Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. Краен рок за известување за евентуалено откажување на аранжманот е најкасно 5 дена пред поаѓање.Организаторот го задржува правото за измена на редоледот на поедини содржини во програмата.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.